На синоќешната работна средба во ЖРСМ Транспорт, делегација беше предводена од претставникот на Министерството за транспорт и врски. Заедно со државниот секретар Стефан Волканоски и со поддршка од министерот Александар Николоски, ги отворија сите актуелни и наследени прашања. Тие прашања со години ги засегаат машиновозачите и персоналот од одржување.

Според претставниците на Министерството, состојбата во која компанијата беше затекната во 2024 година, оставила бројни нерешени проблеми. Поради тоа, средбата била насочена кон воспоставување јасни чекори за нивно надминување.

На средбата беше истакната клучната улога на машинскиот и извршниот персонал. Тие беа важни во повторното воспоставување на теретниот сообраќај и стабилизирањето на целиот железнички систем. Учесниците изразија благодарност за нивната посветеност, професионализам и одговорен пристап кон работата.

Во пораката која ја упатија по состанокот, претставниците на Министерството нагласија дека продолжуваат со јасна цел – создавање силна, стабилна и модерна железница. Средбата беше заокружена со мотото:
„Визијата го определува правецот, дисциплината го создава резултатот, а посветеноста го одржува патот.“, објави првиот човек на Македонски железници Транспорт, Дејан Кошутиќ.