Сузана Кучина (27 г.) на 5 август го роди Павле во родилиштето во Горњи Милановац, жив и здрав, тежок речиси шест и пол килограми и долг 68 сантиметри. Бебето кое собори рекорд ги изненади мајката, лекарите и сограѓаните кои не паметат дека се родило вакво големо бебе во нивната општина, но и пошироко. Претходно мајката Кучина имал родено две деца кои биле со нормални параметри, тежина и должина и н ишто не укажувало дека Павле ќе биде „џиновско“ бебе.
– Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди – изјави мајката на новороденчето за српските медиуми.
Доктор Драган Перишиќ ја водел бременоста на Сузана и го извршил породувањето кое, како што вели, поминало совршено. Тој истакна дека во својата долга кариера никогаш не сретнал бебе со оваа големина.
– Должината на бебето е 68 сантиметри, обемот на главата е 38 и по големина припаѓа на еден процент – објаснува доктор Перишиќ.