Речиси целосно е разрушена старата театарска зграда лоцирана од левата страна на градот. Срушена е галеријата, влезот и салата за претстави, а остана да се сруши уште дел од административниот дел на зградата. Како што информираат од Општина Велес за МИА, земјиштето ќе се дава на наддавање и идниот инвеститор согласно урбанистички план може да гради станбено- деловен објект со приземје и седум ката.

Инаку, голема група граѓани кои се во соседството на објектот пред неколку месеци собраа потписи и апелираат до градоначалникот на тој простор да направат зелена парк со лулашки за децата. Од Општина Велес се децидни дека на тоа место согласно ДУП е предвидено изградба на станбено деловен објект.

Во старата театарска зграда претстави се играа до 2014 години, а новата велелепна театарска зграда на Народниот театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот свечено беше пуштена на 20 декември 2014 година.

Старата театарската зграда, како што велешани раскажуваат, првично била коњушница, но тие се настолгични за старата зграда на велешкиот театар. Евоцираат убави спомени од бројни театарски претстави одиграни од стариот театар.

Инаку, Велес е град во кој бил отворен првиот театар во земјава и кој има долга театарска традиција.