Eкипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта во текот на вчерашниот ден на булевар „Свети Климент Охридски“ извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата Загребска до Детската клиника санираа ударни дупки.
На улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во текот на вчерашниот ден се санираа бекатон плочи на тротоарите, а пред пешачкиот премин кај старата меѓуградска станица се подготвува теренот за поставување на сообраќајни знаци.
На булевар „Босна и Херцеговина“ во делот со улица „Лазар Трповски“ се врши подготовка за семафорска инсталација, додека во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставува вертикална сигнализација на повеќе улици и булевари.
Екипите на ЈП Улици и патишта континуирано детектираат и санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, а вршат и замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.