На улицата „Север – Југ“, во завршна фаза се работните активности на новиот парк кој е дел од проектот „Поставување на опрема за спортско рекреативни активности и детски игралишта“. Покрај партерното уредување и зазеленувањето, парковата површина се збогатува со урбана опрема и детски реквизити од различни типови, информираат преку соопштение од општина Битола.

Деновиве завршува и уредувањето на детското игралиште на улицата „Смилевски конгрес“, каде се поставени клупи и опрема за забава на деца, со што целосно е променет изгледот и на овој простор.

За уредување двата нови паркови, од општинскиот буџет инвестирани се 2.903.552 денари, се вели во соопштението на општината.