Ирански борбен авион Ф14 се урна денеска во регионот Исфахан по техничка неисправност, јави државната новинска агенција ИРНА.

Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди.

Ирански воздушен борбен авион утрово имал технички дефект при слетувањето во базата Шахид Бабаи во Исфахан, пренесоа западни медиуми.