Шеснаесет деца и еден возрасен се однесени во болница во средата откако паднаа во историската тврдина Форт Гибралтар за време на училишна посета на западниот канадски град Винипег, објави Си-Би-Ес Њуз, цитирајќи службеник на здравствената служба на противпожарната служба. Наводно, дошло до уривање на мостот во внатрешноста на тврдината.

Децата се на возраст од 10 до 11 години, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека три деца се тешко повредени.

„Длабоко сме загрижени поради инцидентот во Форт Гибралтар утринава во кој учествуваше училишна група“, објави на Твитер градоначалникот на Винипег, Скот Гилингам.

Градските власти не дадоа детали кога ги контактираше Ројтерс. Форт Гибралтар во провинцијата Манитоба е едно од 100-те заштитени национални историски места во Канада.