„Таму гори мешана шума, вчера беше извршено догаснување на постоечките жаришта, а како поддршка на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Армијата се вклучија и црногорските хеликоптери со 12 налети испуштајќи големи количини вода. Но, најверојатно се работи за специфично земјиште, кое и покрај искористени 17 тони вода, не успеа целосно да се изгаси“, кажа В’чкова.
Пожарот кај Барово и Вешово во Демир Капија вчера беше ставен под контрола, а активен е пожарот кај селата Ракле, Никоди и Топлица во Прилеп.
В’чкова кажа и дека е активен пожарот кај селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, каде ноќеска на терен останале дел од екипите, а во текот на денот ќе се разгледува за барањето на градоначалникот на Општината да се интервернира од воздух.