Сè уште има активни пожари во земјава, информираат од Центарот за управување со кризи. Сè уште е критично на Јасен и на Осоговски планини. Во Скопје активни беа неколку пожари. Во Зелениково, на екипите на терен се приклучија и доброволци.
Во охридско, најкритично е во селото Косел. Пожарот беше ставен под контрола, но силниот ветер ја прошири огнената стихија.