Според најавите на градските власти до крајот на летото ќе започне и наплатата за паркирање во трите зони во градот.

Оваа вест буквално ги разочара велешани во пресрет на изборите кои доаѓаа оваа есен, а тие особено се незадоволни од властите на СДСМ и градоначалникот Аце Коцевски.

„Кога се кандидираше за градоначалник не им кажа на велешани дека ќе им опнеш такса за паркирање“, „Во Охрид на сите улици наплаќаат, предизборно ветуваа бесплатен паркинг“, „Се ближат избори па ние си знаеме за кого и како да гласаме“, се само дел од коментарите на револтираните велешани.