Добро познатата македонска фаланга која ги бодри ракометарите секаде каде што настапуваат ќе биде присутна во голем број и во Краков. Оваа црвено-жолта фаланга е спремна за првиот натпревар којшто се игра утревечер, а нашата репрезентација игра против Норвешка.

Она што е интересно и важно да го знаат нашите фанови во Полска е дека е договорена соработка меѓу македонските навивачи и локал (пивница) во центарот на градот кој ќе биде домаќин на фалангата во следните денови. Како и пред седум години и оваа година во Краков ќе има македонска забава, музика ќе пушта македонски ди-џеј, ќе има и караоке шоу итн.

Пивницата се вика Restauracja Browarna Lubicz а се наоѓа во Стариот град, во близина на најпознатиот трговскиот центар во градот „Галерија Краковска“.