Полицијата приведе 61-годишен жител на Охрид, откако било пријавено дека во семејниот дом се заканувал кон членови на неговото семејство со остар предмет.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 15 јули 2026 година во Охрид лицето било лишено од слобода, по претходно добиена пријава за настанот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против 61-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
