На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол” во Куманово настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус” со швајцарски регистарски ознаки.

-Неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.