На 11.10.2021 во 05:5 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(43) од Скопје, од кој бил зафатен и дел од уште едно патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма.
Повредени лица нема.
Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.