Османи нагласи дека главно се работи за жени и деца, додека додаде дека МВР и Министерството за надворешни работи работат на списоците за бегалци.

– Меѓутоа, со оглед на тоа што бројот на летови од Кабул е значително ограничен, не можеме точно да кажеме кога овие цивили би пристигнале во земјата, но потоа ќе бидат третирани според внатрешните правила и ќе бидат сместени во објектите што ќе им бидат обезбедени, рече Османи.

На новинарско прашање дали и за цивилите од Авганистан ќе се изрече мерка карантин, тоа според него, ќе зависи од нивниот вакцинален статус и од други епидемиолошки карактеристики, за што ќе решава Комисијата за заразни болести и Министреството за здравство.

Во однос на сместувањето, Османи посочи дека Координативното тело во Влада, веќе прави список на сместувачки капацитети коишто покажуваат интерес и имаат можност да ги прифатат овие цивили, а трошоците ќе им бидат платени.