Се погласни се шпекулациите дека владиното мнозинство ќе биде двотретинско. Откако имаше шпекулации дека Фатмир Битиќи си оди од СДСМ, па отпосле дека и Моника Зајкова преоѓа во владејачката коалиција, тие се оградија. Но, сепак веројатно членови на турската партија од коалицијата на ДУИ ќе бидат дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
Изет Меџити во гостување вели дека во европскиот фронт има луѓе кои коалицираат, а нема програма ниту пак агенда, туку само се обединија да останат дел од владата.
„Европскиот фронт не се обедини на идеолошки основи, не ги обедини програмата, туку се обединија да опстанат и да бидат дел од Владата. Во моментот кога не се дел од Владата, мисијата пропадна и почнува распаѓањето на Европскиот фронт“, изјави Изет Меџити за „A2 Си-ен-ен“, пренесе ИНА.
Меџити додава дека 3-4 пратеници од ДУИ се во финална фаза да преминат во рамките на победничката коалиција.
Така што вечерва можам да кажам дека веќе од тие 18 пратеници, 3-4 пратеници со една нога се дел од новото мнозинство“, рече Меџити.
Меџити одби да спомнува имиња на јасно даде дознаење дека во фронтот има две турски партии, па веројатно тие ќе бидат пратениците на новото двотретинско парламентарно мнозинство.
Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е на чекор до двотретинско мнозинство, а според некои веќе истото е и постигнато. Тоа е добро за реструктуирање на системот и промени какви што сакаат да спроведат..