Тој за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека од почетокот на вакцинацијата во мај оваа година до денес, само во ККЦГ веќе починале 15 пациенти со Ковид на возраст од 19 до 50 години.
– Ниту еден од нив не беше вакциниран и повеќето од нив претходно немаа сериозни здравствени проблеми, објаснува Јовановиќ.
Пензионираниот епидемиолог Новица Вујошевиќ вели дека со појавата на делта варијантата, смртноста од Ковид-19 се зголеми на глобално ниво, така што дневните бројки на смртни случаи во Црна Гора се зголемија во споредба со времето кога беше присутен таканаречениот вухански сој.
Тој за РСЕ како клучен проблем го наведува тоа што голем процент од граѓаните не сакаат да се вакцинираат. Вујошевиќ потенцира дека се залага за задолжителна вакцинација, не само на возрасните, туку и на децата.
– Не постапуваме рационално и одговорно, имаме вакцини на располагање како најефекасно средство против вирусот, но го „кренавме носот“, па не сакаме да се вакцинираме. За да започнеме да живееме нормално, треба да се вакцинираат најмалку 85 до 90 проценти од вкупното население, наместо сегашните 55 проценти од возрасната популација. Тоа е, според моја проценка, уште 250 илјади граѓани кои мора да се вакцинираат, вели Вујошевиќ.
Според Институтот за јавно здравје, само 37,9 од вкупното население ја примило втората доза на вакцината. Масовната вакцинација во Црна Гора започна на 4 мај.
Официјалните податоци покажуваат дека Црна Гора е на второ место по смртност од Ковид-19 во регионот, веднаш зад Северна Македонија.
Во Македонија се регистрирани 336 смртни случаи на 100.000 жители, 324 во Црна Гора, 319 во БиХ, 223 во Словенија, 219 во Хрватска, 165 во Косово, 132 во Србија и 99 во Албанија.
Во Црна Гора, според најновите податоци, 2.050 луѓе починале од почетокот на пандемијата на коронавирусот.