Мигранти од Египет и Сирија пронајдени во Мерцедес на регионалниот пат Богданци–Гевгелија

Полициските службеници од станицата за граничен надзор Богородица во раните утрински часови на 24.08.2025 забележале возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки кое не застанало на полицискиот знак за запирање.

По кратко време возилото било сопренo, но возачот успеал да го напушти местото. Во него биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија.

Сите мигранти биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.