Меси го победи Полјакот Роберт Левандовски во трката за оваа награда, а ја добива за освоената Копа Америка со Аргентина, иако многумина сметаа дека извонредната година на Левандовски и тоа што лани оваа награда не се додели, овојпат ќе биде награден и неправдата ќе биде исправена, но тоа не се случи.

Аргентинецот ја добива „златната топка“ и со тоа уште повеќе му избега на својот најголем конкурент Кристијано Роналдо, кој има пет вакви награди во кариерата, а годинава заврши на шестото место, а пред него се пласираа покрај Левандовски уште и Мохамед Салах, Жоргињо и Нголо Канте.

Меси оваа најпрестижна награда ја освојуваше во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

За најдобар клуб е избран Челси.