Во Собранието денеска седница ќе одржи новоформираната Анкетна комисија за случајот со Онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника.

Како што синоќа изјави претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизхраи, во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека први на седницата ќе говорат поранешниот министер за здравство Беким Сали, а по него министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Мизархи посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија.

Министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

Тој кажа дека има докази, и тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази се уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се од електронските уреди.

Седници денеска ќе одржат и Комитетот за односи помеѓу заедниците и Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетски прашања