Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлогот на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид+19 врз производството и откупот на земјоделски производи.
На предлог на Министерството за здравство, на денешната редовна седница ќе биде разгледан и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.