Во Собранието денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања.

Седница за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот, но овој пат таа е закажана за денеска на барање на Владата.

Почетокот на денешната седница е закажан за 11:00.

Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ во 11:30 часот ќе има средна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал.

Во Собранието денеска ќе се одржи и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, позната како „Зелена група“, на која ќе се расправа за формирање на работна група за креирање законски решенија за решавање на проблемот со бездомните животни.