Собранието денеска треба да ја одржи 70. седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата.

Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.

Почетокот на седницата е предвиден за 11 часот.