Со протест за запирање на преговорите со „Газпром“ за обнова на набавките на руски гас во Бугарија денеска почна седницата на преодната влада на премиерот Галаб Донев, јави дописникот на МИА од Софија.
Граѓанското здружение БОЕЦ ги повика граѓаните вечерва пред фонтаната на претседателската администрација во знак на протест да побараат јасни одговори за рускиот гас.
Демонстрантите побараа владата во Софија итно да го разреши министерот за енергетика, како и да донесе одлука за прекин на какви било преговори со руската компанија „Газпром“.
Воедно, пред почетокот на владината седница, преодниот премиер Гулаб Донев изјави дека нивна примарна задача е да ги решаваат проблемите на бугарските граѓани, а не на оние кои ги создале.
-Според Уставот наша должност е да организираме фер и слободни избори и тоа е тоа што ние го правиме, изјави Донев.
Според него, имало фактори поради кои преодната влада на Бугарија била перципирана како противник во изборната кампања во земјата.