Во републичкото Собрание за денеска се закажани седници на комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе расправаат за
Предлог на одлука за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година

Пред членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Предлог законот за изменување на Законот за шумите и предлог законите за изменување и дополнување на Законите за Државниот инспекторат за земјоделство и на Законот за шумарска и ловна инспекција.

Комисијата за транспрт, врски и екологија треба да одлучува по Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина, поднесен од: Ненад Коциќ и Виолета, Маја, Предлог законот за изменување на Законот за домување, по скратена постапка, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година и за Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2021 година.