Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет и за европски прашања.

На дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се измените и дополнувањата на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Предлог законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи и безбедносно разузнавачки служби и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, сите во прво читање.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за финансиска полиција, Предлог законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, Предлог законот за буџети и Предлог законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, сите во второ читање.

Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи три седници. Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат Предлог законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, Предлог законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог законот за адвокатурата, Предлогот законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и Предлог законот за инспекциски надзор во животната средина.