Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања.
Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање и Предлог – законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања.
На седницата на Комисијата за економски прашања, како што е најавено, ќе се дискутира по Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година.