Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство по скратена постапка во второ читање, на Законот за трговските друштва во прво читање, на Законот за јавни претпријатија во прво читање и на Законот за државен пазарен инспекторат исто така во прво читање.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, во прво читање.
Законодавно-правната комисија има повеќе точки на дневен ред со европско знаменце меѓу кои и Предлог законот за медитација, во второ читање.