Во Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе се одржи седница за јавна расправа на тема: „Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик“.

Седници ќе одржат и Комисијата за здравство и Законодавно-правна комисија, кои ќе расправаат по предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за здравствената заштита.

Двата предлози за измени и дополнувања се носат по скратена постапка.