Родителите на жртвите со претставка за трагедијата

Во Собранието започна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која се разгледува претставката поднесена од здружението „16-ти март“ за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, каде загинаа 63 лица, а повеќе од 210 беа повредени, пренесува Плусинфо.

На седницата присуствуваат подносителите на претставката, родители и блиски на загинатите.

Повик за вистинска правда и оценка за системски пропусти

Воведното излагање го започна Марија Петрушова, мајка на една од жртвите, која истакна дека здружението бара вистинска правда за загинатите, нагласувајќи дека тоа е важно за сите деца во Македонија. Таа рече дека трагедијата е резултат на сериозни системски пропусти и корупција и побара случајот да се третира како прекршување на основните човекови права, особено правото на живот.

Се бара правда за загинатите

Се бара правда за загинатите. Петрушова во обраќањето посочи дека е симптоматично што обвинението се однесува само на поранешни функционери. Таа смета дека со истрагата и обвинението се опфатени само службеници од пониско ниво и дека „државата драматично потфрли во борбата со корупцијата, дозволувајќи големите да останат над законот“.