Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за средно полициско училиште по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, во второ читање, Предлог-законот за изменување на Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог-законот за изменување на Законот за решавање банки и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиски инструменти, сите по скратена постапка. Сите овие предлог-закони ќе бидат на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.