Излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно „ауди“ без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Гази Баба. Ова се детали од истрагата за пукањето кон Раде Трајковски – Штекли и неговиот другар во трговскиот центар „Ист гејт“ кои ги дознава „Код“.
Според изворите на емисијата, пукачот од заседа оставил јасни траги, меѓу кои отпечатоци и ДНК, кои се пронајдени и се анализираат.
Она што е интересно, е дека пронајдени се седум чаури од куршуми, кои повеќе од половина завршиле во целта.
Во вечерашниот „Код“ се зборува и за мотивите на новиот напад врз Штекли на истото место во преполниот трговски центар, дали инцидентот е поврзан и со обезбедување на казина.