– Кандидати за градоначалник доставија партиите Движење Беса, ДПА, СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движење за држава и правда и Интегра, информира од ОИК Тетово.
Листи со кандидати за членови на Советот доставиле десет предлагачи од кои девет се од политички партии и една група избирачи. Од партиите тоа се Демократската партија на Турците, Движењето Беса, Левица, ВМРО-Народна партија, ДПА, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и група избирачи предводена од Хамди Сулејмани.