Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медицински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.
Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Обучен персонал клучен за лекување на повредените од Кочани – тројца пациенти во критична состојба
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.