Кубанската влада отвори засолништа и презеде мерки за заштита на шеќерната трска и какаото од невремето.

Повеќето од евакуираните заминале кај роднини, додека околу 23.000 луѓе се засолниле во владините објекти.

Околу 400 жители на планинските области се засолниле во природните пештери подготвени за итни ситуации.

Следна „мета“ на невремето е Флорида, каде гувернерот Рон ДеСантис прогласи вонредна состојба во 15 окрузи.

Елса утрово беше на околу 80 милји северно од Кингстон, Јамајка, и се движеше во правец на запад-северозапад со 20 милји на час.

Бурата зад себе остави пустош, а меѓу најтешко погодените острови се најде Барбадос, каде повеќе од 1.100 луѓе пријавија дека им се оштетени куќите, а 62 објекти се целосно уништени.
Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата била проследена со брзина на ветерот од околу 95 километри на час.

Центарот најави дека невремето постепено ќе ослабува движејќи се кон Куба.