Колкава е еуфоријата помеѓу фановите најдобро зборува продажбата на дресовите. За само 12 часа на новата „седумка“ на Роналдо навивачите потрошија 32.5 милиони фунти што е рекорд во Премиер лигата. За споредба за дресот на Меси во ПСЖ се потрошија 40 милиони евра за три дена.
Големи заслуги што Роналдо ќе го носи својот омилен број во Манчестер има Едисон Кавани кој не правеше проблем и веднаш му го отстапи. Меѓутоа и Премиер лигата дозволи Уругваецот да го промени бројот на дресот иако веќе играчите беа регистрирани.
Наредниот викенд во натпреварот со Њукасл се очекува и дебито на Роналдо.