Денеска се навршуваат 17 години од смртта на најпопуларниот македонски пејач и музичка икона Тоше Проески. Македонскиот уметник на 26-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, кај местото викано Нова Градишка, кога автомобилот со кој патуваше се судри со камион.

Неговата смрт го потресе целиот регион и остави незаборавен печат во срцата на многу негови обожаватели. Тоше Проески беше многу повеќе од пејач, тој беше симбол на надеж и љубов. Неговата музика допре до срцата на многумина, а неговата хуманитарна работа го истакна како личност со исклучителна добрина.

По неговата смрт, македонското Собрание ја прекина седницата за да му оддаде почит со едноминутно молчење, а 17 октомври беше прогласен за ден на жалост во Македонија. „Би-Би-Си“ го нарече „балканскиот Елвис Присли“, што покажува колку беше обожаван и почитуван