Дневните проценки направени од Канцеларијата за национална статистика покажале дека околу 9,5 проценти од лондончаните од неделата имаат ковид-19.
Бројките биле проценети еден ден откако Британија забележала рекорден број на нови случаи на коронавирус, додека варијантата омикрон ја зафатил целата земја, со дневен број од 119.789 заразени, во споредба со 106.122 претходниот ден.
Извештајот на ONS, исто така, покажал рекордни бројки – 1 од 35 луѓе во Англија имале ковид-19 помеѓу 13 и 19 декември – во споредба со претходната проценка објавена вчера, кога болеста ја имале 1 од 45 луѓе една недела пред 16 декември.
Многу компании и транспортни мрежи се борат со недостиг на персонал бидејќи болните работници се изолираат, додека болниците во Британија предупредуваат на ризикот да се влијае на безбедноста на пациентите.
Поради брзото ширење на омикрон, вкупниот број на заразени во Британија во изминатите седум дена се зголемил за 678.165, покажале вчера владините бројки.
Додека конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон се бори да го ограничи економското влијание на најновата епидемија на Ковид-19, во средата објавија дека го намалуваат правниот период за самоизолација во Англија од десет на седум дена.