Секретарот на град Скопје, поставен од градоначалничката Данела Арсовска, Зоран Глигоров деновиве е актуелен по расправијата што ја имал со вработен во градот каде дошло сппред непотврдени информации и до физички контакт. За среќа немало посериозни последици, но Глигоров е човек кој повеќе пати бил пријавуван за семејно насилство, пишува „хроника.мк“.

Според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврeда врз Л.Г. преку повеќе удари и изненаден напад.

Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. преку повеќе удари. Воедно кај Глигоров билo најденo и огнено оружје хеклер.