Пред два дена Таравари ги собра приврзаниците на Алијанса во Куманово, а денеска Села во Скопје. Актуелниот претседател на Алијанса на Албанците реши да оди со обединетата албанска опозиција на изборите. Затоа тој остана без министри во владата.

За разлика од Таравари, Села сака самостојно да оди на изборите, а тоа значи дека најверојатно би сакал пост-изборна коалиција со ДУИ.

Централното собрание на Алијанса во Скопје

Во хотелот „Буши“ во Скопје во моментов се одвива централното претседателство на Алијанса за Албанците каде нема да се појават Арбен Таравари и неговите поддржувачи.

Централното собрание го свика Зијадин Сила, а тој е претседател на ова тело во рамките на партијата.

Сите оние кои се присутни на овој состанок се приврзаници на Зијадин Села. Деталите ќе бидат познати откако ќе заврши состанокот.

Дали Зијадин Села се враќа на челото на Алијанса за Албанците?

Според информациите на овој состанок ќе се побара разрешување на Арбен Таравари, а ќе биде закажан и конгрес веќе за следната недела. Оттука се наметнува прашањето: Дали Зијадин Села се враќа на челото на Алијанса за Албанците?

Села во кратката изјава за медиумите рече дека Извршното собрание има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот на партијата.

Крајниот збор ќе го има Управниот суд

Веќе е најавено дека крајниот збор би го имал Управниот суд, а тие би одлучувале кој ќе го има крајниот збор. Тие би одлучиле кој ќе го има печатот.

Разрешени двајца министри кои отидоа со Таравари

Синоќа, минисетерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу беа разрешени со 62 гласа за.