Според неговите зборови, средбата во Лондон била можност да се афирмира идејата за регионалната економска интеграција „Отворен Балкан“, и дека во таа насока за првпат настапувал заедно со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Албанија, соопштија од српското МНР.
-Убедени сме дека ваквиот настап и давањето на големо внимание на Отворен Балкан ќе биде една голема шанса за иднината на нашиот регион, нагласи министерот Селаковиќ.
Покрај пленарниот состанок, со кој претседаваше и чиј домаќин беше државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство Елизабет Трас, а со која имаше билатерална средба, шефот на српската дипломатија во Лондон се сретна и со претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан и заменик-помошник на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар, специјален пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан Стјуарт Пич и со Мартин Викерс специјален пратеник на британскиот премиер за трговија и економски прашања. Тој се сретна и со министерката за европско соседство и Америка во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Венди Мортон.
Шефот на српската дипломатија ја пренесе и отворената покана на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за посета на премиерот Борис Џонсон и потсети дека повеќе од 41 година британски премиер не го посетил Белград.