Семафор падна врз маж од Кумановско, соопшти полицијата.

Имено, синоќа во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и „Тоде Мендол“ врз него паднал светлосен сообраќаен знак – семафор.

Случајот е документиран и известена е надлежната институција.