Семејна драма се случувала вчера попладне во Гостивар.

-Четириесет и едногодишен гостиварец вчера во 18 часот пријавил дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во Гостивар физички бил нападнат од родителите, кои се обиделе да ја нападнат и неговата сопруга, по што тој со тврд предмет искршил две стаклени врати во куќата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.