Родителите на децата кои трагично загинаа во катастрофата што се случи во дискотеката „Пулс“, за денеска во Кочани најавија нов протест, „Марш за ангелите“, кој треба да започне во 16:05 часот. Тие на 16-ти март испратија писмено соопштение до јавноста во кое изразуваат длабока болка, но и заедничко и јасно барање за целосно законско решение и одговорност од сите вклучени лица и институции.
Нагласија дека се подготвени да соработуваат и со локални и со странски адвокати кои ќе обезбедат правна поддршка во сите фази од процесот, вклучително и евентуалното покренување на случајот пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.