Бернон Блаунт за Си-Ен-Ен вели дека неговиот внук Е.Б. бил во градот за да го види настапот на неговиот омилен изведувач Тревис Скот и дека на концертот присуствувал со неговиот татко Трестон Блаунт.

-Кога мојот син отиде на концерт, го носеше мојот внук на рамениците. Сите луѓе се туркаа внатре и тој не можеше да дише, па на крајот се онесвести од притисокот што му беше направен врз телото. А кога се онесвести, момчето падна од рамото и падна во толпата, рече Блаунт.

До моментот кога синот на Бернон се освестил, Е.Б. веќе бил однесен во болница како неидентификуван.

-Не знаеја ништо за него, неговото име или ништо бидејќи се раздели од мојот син, рече Бернон.

-Кога таткото се освестил, наместо да им дозволи на лекарите да го прегледаат, отилош да го бара својот син во Детската болница во Тексас.

-За време на концертот, тој имаше срцев удар што му го оштети срцето. Тој има оштетување на црниот дроб, белите дробови… А згора на тоа, има и оток во мозокот, рече Блаинт.

Си-Ен-Ен не можеше независно да го потврди медицинскиот статус на ЕБ во болницата.

-Семејството е уништено затоа што ова требаше да биде патување татко-син за да се зближат, и се претвори во нешто ужасно и трагично. Потребна е одговорност, не само од уметниците или организаторите на настаните, туку и од градот Хјустон, додаде Блаунт.