Откако тримесечно бебе било примено на преглед на Клиниката за педијатрија, неговото семејство оптужува за физичко насилство од страна на медицински сестри.

Имено, на мајката не и бил дозволен пристап до нејзиното дете за време на прегледот, а на бебето му биле нанесени модринки и ознаки од нокти.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, синоќа на неговиот Фејсбук профил напиша дека доколку овој случај е вистина, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена и тој лично ќе се погрижи веднаш да биде упатена до правните органи.

„Видовме модринки на раката на детето. Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Педијатрија. Ако има медицинска грешка, ќе треба специјална комисија на Клиниката за педијатрија да разгледа и да ја слушне и другата страна“, рече Таравари.

Тој заедно со директорот на Педијатрија се сретна со семејството на тримесечното бебе.