На 24.05.2023 во 00.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 03.30 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Е.(25) и Б.К.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.05.2023 во 22.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 04.15 часот во Штип, од полициски службеници од СВР Штип бил приведен Д.П.(20) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.05.2023 во 10.00 часот во Битола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола бил лишен од слобода Ќ.М.(60) од Битола поради тоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени голема количина капсули трамадол и таблети дијазепам. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.212 од КЗ на РСМ.

На 24.05.2023 во 01.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ф.Е.(40) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 02.00 часот во казино во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода С.Д.(21) од Р.Србија поради нерегулиран престој во РСМ. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.