Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8:10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8:11.
Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.