Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со јасна порака за иднината на партијата ДУИ
Во вечерашниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја критикуваше ДУИ, опишувајќи ја како партија што се движи кон радикализација и криминализација. Според него, ДУИ сè повеќе го губи кредибилитетот и се претвора во опасност за стабилноста на Македонија и регионот.
„ДУИ станува радикален елемент“
Мицкоски директно ги обвини политиките на ДУИ за тоа што, според него, претставуваат закана:
-
„ДУИ во ова време е политичка структура која претставува сериозен ризик за стабилноста, бидејќи се трансформира во радикален и милитантен фактор, опасен не само за Македонија, туку и за целиот регион,“ изјави Мицкоски.
Тој истакна дека партијата не го прифаќа фактот дека политичката сцена е значително изменета:
-
„Промените што се случија во изминатите две децении бараат нови стратегии, но тие продолжуваат со старите методи од пред 17-18 години, кои се веќе застарени и непрактични,“ нагласи премиерот.
Корупцијата како рак-рана: Случајот со Артан Груби
Мицкоски го истакна случајот со Артан Груби, кој е ставен на црната листа на санкции на САД, како пример за сериозноста на корупцијата во редовите на ДУИ.
-
„Фактот што Груби е на американската листа на санкции заради обвиненија за корупција и криминал ја потврдува длабоката корумпираност на целата структура на ДУИ. Ова не е само домашен проблем, туку и сериозна грижа за нашите стратешки партнери,“ рече Мицкоски.
Тој додаде дека, наместо да се посвети на реформи, ДУИ испраќа несогласени и збунувачки пораки.
„Збунувачки пораки и застарени тактики“
Според Мицкоски, ДУИ сè уште се обидува да ги оправда своите постапки со користење на неефективни стратегии:
-
„ДУИ продолжува да ги оправдува санкциите врз Груби како политички прогон, но истовремено покажуваат сè поголема радикализација. Нивните пораки се несогласени и создаваат забуни, што покажува недостаток на стратегија,“ истакна тој.
Демократски инструменти како услов за политичка легитимност
Премиерот беше јасен дека, иако ДУИ има право да води своја политика, државата мора да реагира доколку отстапи од демократските принципи.
-
„Доколку некоја партија користи демократски начини за водење политика, тоа е легитимно. Но, кога тие ќе престанат да ги следат овие инструменти, тогаш е неопходно државата да интервенира за да го зачува редот,“ заклучи Мицкоски.