Никола имаше 26 години и играше за повеќе нисколигаши во околината на Лесковец. Со друшвото дошол на одмор во Охрид. Пред неколку месеци се вработил бидејќи сфатил дека од фудбалот не може да се живее.

-Нине мој, душо моја мила, сега си анел. Те сака сестрата најмногу. Со овие зборови Дијана С. се прости од својот брат Никола кој почина вчера во болница во Скопје. Тој се удри во подводен камен во Охридското езеро откако скокнал од карпа.

Мајката на Никола долго време била загрижена дека тој и сестрата не можат да најдат вработување и кога конечно се средиле им се случи трагедија.